Јаглени хидрати што ги намалуваат килограмите

Од леб и тестенини можеби се дебелеете, но одредена количина на јаглени хидрати секојдневно е потребно за мозокот и остатокот од телото нормално да функционираат.

Секако дека сите јаглени хидрати не се подеднакво добри или лоши за вас. Колачите, крофните, слатките и лебот од рафинирано бело брашно не ги нудат потребните хранливи материи. Ако ги јадете често ќе имате голем ризик од развој на болести како што се оние поврзани со циркулацијата и дијабетесот. Сепак, на располагање имате многу јаглени хидрати кои ги нудат потребните влакна што ќе ви помогнат да се чувствувате сити.

Киноа

img_2614 (1)

Обединетите нации ја прогласија 2013 година за Меѓународна година на киноата, повикувајќи се на фактот дека нејзиното зрно е исполнето со влакна, протеини, антиоксиданси и здрави масти. Гответе ја како прилог.

Јачмен

Не се користи само за пиво! Јачменот содржи влакна кои помагаат во одржување на здраво ниво на холестерол во крвта. Освен тоа, јачменот е одличен за одржување на чувството на ситост. Одличен е за појадок, како каша збогатена со суво овошје.

Пченица

pcenica1_060910

Цело, непреработено зрно пченица е богат извор на железо, витамин Б, магнезиум, цинк и влакна.

Булгур пченица

Булгур е преработена, делумно готвена пченица. Покрај јаглени хидрати, нуди голема количина протеини и влакна. Пробајте рецепт со ѓумбир и портокал.

- Реклама -