Денес, на 365 инстант речник додадовме три нови јазици – Руски, Српски и Турски, како и Поимник на македонски зборови од областа на ИТ. Дополнително, додадени се и над 500.000 нови зборови во постоечките бази!
Сите нови зборови и корекции што ни ги испраќавте досега беа разгледани и внимателно поставени во овие бази. Голема благодарност до сите кои се потрудија да го направат овој речник уште подобар.
Во моментов работиме на мобилни верзии и техничко усовршување на веб речникот. Затоа, очекувајте уште многу новини наскоро!
Посетете го ажурираниот 365 инстант речник