Концептот го дизајнирал Мартин Хаек, а предизвика огромно внимание кај љубителите на мобилни уреди. Постојат две верзии, една со дисплеј од 4 инчи, а една со дисплеј од 4,8 инчи. Ниту една нема „home“ копче.
Многу дизајнери прават концепти на футуристичките гаџети обидувајќи се да прикажат во кој правец тие предвидуваат или сакаат технологијата да се движи, а концептите за следниот iPhone се најпопуларни.
Овој пат ви претставуваме еден концепт за iPhone 6 што го дизајнирал Мартин Хаек, а кој предизвика огромно внимание кај љубителите на мобилни уреди.
Дизајнирал две варијанти, со дисплеј од 4 инчи, како на „петката“ и со дисплеј од 4,8 инчи со отсуство на „home“ копчето.
Како ви се доапаѓа?