На 18 февруари (петок) во хотелот Александар Палас ќе можете да го слушнете еден од најдобрите предавачи на светските елитни маркетинг конференции и автор на бестселерот „The conversation manager”, Стивен Ван Белегем, кој ќе пренесе стратешки маркетинг одлуки како да се задоволат онлајн маркетинг потребите, како да таргетирате консументи во новиот дигитален свет и новите бренд предизвици и трендови кои допрва доаѓаат.
Прва елитна бизнис конференција за најновиот светски феномен – социјалните медиуми и нивната моќ
Маркетинг стратегиите на Ван Белегем ги користат многу успешни светски компании како што се Nestle, Goodyear, 3М Belgium, Picanol, Siemens, Pfizer. Овие стратегии се наменети за оние кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на маркетингот и новите социјални медиуми, а пред се со моќта на модерниот потрошувач.
Настанот „Ден на социјалните медиуми“ ќе започне во 10 часот и по отворањето на конференцијата, водечкиот интернет провајдер Httpool ќе презентира Преглед на интернет пазарот во Македонија, за да се претстави моменталната состојба на пазарот. Специјалниот гостин, Ван Белегем ќе зборува за замената на традиционалните трендови за рекламирање во социјални медиуми, а потоа вниманието ќе го сврти кон вистинската маркетинг конверзација.
„Денот на социјалните медиуми“ ќе биде исполнет и со Facebook и Twitter работилница за бизнис употреба, како и со панел дискусија на тема “Димензијата на социјалните медиуми” на која на Ван Белегем ќе му се придружат релевантни членови на македонската бизнис заедница.
За повеќе информации посетета ја официјалната веб странa www.socialmediaday.info каде може да се информирате за сите детали и да ја искорисите можноста да се пријавите за учество по специјална цена до 7-ми Февруари.