Grouper.mk: Со групни попусти до неверојатни дневни зделки

Grouper.mkНа 22 Јануари официјално започна со работа првиот македонски сајт за групни попусти – Grouper.mk. Grouper е прв сајт во Македонија кој нуди огромни попусти за купувачите од една страна, а нови загарантирани потрошувачи за локалните бизниси од друга. Секој ден Grouper објавува една неверојатна зделка со попуст од 50% до 90%.

Grouper.mk преговара со локалните бизниси, со тоа што им нуди загарантиран број на потрошувачи. Потрошувачите ја добиваат понудата само доколку во зададениот рок (обично 24 часа) се исполни квотата на пријави за зделката, како таа би се остварила.

Со цел да им се даде на потрошувачите голема купувачка моќ користејќи ја предноста на група, Grouper е одличен начин да најдете интересни работи без да ги испразните џебовите. Во понудата на Grouper има ресторани, театри, кина, спа центри, салони за убавина, продавници, специјални настани, спортски активности и многу повеќе.

Што е Grouper?

{youtube}rOdFPiFd96Y{/youtube}
Големото отворање на Grouper се одбележа со манифестација на плоштад Македонија на 22 Јануари каде првата зделка беше понуда од ТЦЦ Плаза – пакет за дневно користење на сауна, базен и фитнес во вредност од 1500 денари по цена од 300 денари (80% попуст). Зделката беше отворена ден и половина а заврши со 110 продадени. Ова укажува на потенцијалот кој постои зад еден ваков вид на сервис и дека можеби сепак Македонците се спремни да купуваат онлајн.

Покрај оваа зделка Grouper во изминативе денови понуди уште неколку неверојатни понуди со голем попуст.

Освен Grouper, во Македонија ќе стартува уште еден вебсајт за групни попусти наречен Kolektiva, кој неделава би требало да ја објави својата прва понуда. Ваквите сајтови брзо се раширија глобално, по успехот на Groupon на американскиот пазар.

Како и да е, од сајтовите за групни попусти би можеле сите да профитираат и нивниот број е само добредојден. Останува на нас купувачите да се спремиме за одлични дневни зделки по супер ниски цени!

- Реклама -