Вака изгледа светот, барем според Facebook. Пол Батлер, вработен во Facebook, бил заинтересиран за пријателствата на социјалната мрежа, па решил да направи мала визуелизација на врските. Колку пријателствата се локални, каде има најголема концентрација на пријателства?
Тој започнал со примерок од 10 милиони пријателства, ги поврзал со нивната моментална локација и направил мапа користејќи ја географската должина и ширина на секој град. Тоа бил лесниот дел, вистинскиот предизвик било наоѓањето на вистинскиот ефект за прикажување на врските помеѓу илјадници градови.
Со неколку подесувања, тој на крајот успеал да ја создаде оваа визуелизација. На прв поглед се забележува очекуван резултат, САД има најголема концентрација на Facebook пријателства, а Африка има најмала. И иако голем дел од Русија, и Антарктикот не се видливи, остатокот од светот е лесно препознатлив. [The World’s Facebook Relationships Visualized]