Еве зошто среќата не се купува со пари

Велат дека среќата со пари не се купува – и во случајот на овие добитници на лотарија, се чини дека оваа поговорка е сосема точна.

Мајкл Керол

Доказ дека парите не може да купат памет е Мајкл Керол кој своите 15 милиони долари ги потрошил на автомобили, дрога и проститутки. Керол денеска живее од социјална помош.

MoneyDoesntBuyHappinessКели Роџерс

Малолетната Кели Роџерс била средношколка кога добила на лотарија три милиони долари. Кели тогаш не чекала некој да ја посоветува како да го потроши своето богатство – почнала да патува и неконтролирано да ги троши парите. Денес Кели Роџерс има 22 години и е мајка на две деца со два обиди за самоубиство зад себе, а се што и останало од лотаријата се силиконските гради.

Џон Мекгинис

Иако 15 милиони долари за многумина од нас звучат како пари што не може да се потрошат, Џон Мекгинис успеал не само да ги потроши на автомобили, пријатели и патувања, туку се задолжил во банка за дополнителни три милиони долари.

Џек Витакер

Џек Витакер добил на лотарија 315 милиони долари, од кои по оданочувањето му останале 115 милиони затоа што добивката ја земал наеднаш наместо на рати. Иако Витакер почнал паметно да ги троши парите, во добротворни цели, набрзо се нашол на истиот пат како и сите инстант богаташи – во листатат на трошоци му влегле стриптизети, алкохол и дрога.

Евелин Адамс

Шансите за добивка на лотарија се многу мали. Статистички е поверојатно нешто да ве усмрти додека одите по својата добивка money-happiness-scaleотколку да ги имате добитните броеви. Меѓутоа, Евелин Адамс ја победила статистиката не еднаш туку два пати. Откако за две години добила вкупно пет ипол милиони долари, сите пари ги потрошила на коцкање и повторно останала сиромашна во својата камп приколка.

Џенет Ли

Добро е да се биде добар, но не и предобар. Џенет Ли за разлика од претходните примери не ги трошела себично 18-те милиони долари што ги добила на лотарија, туку донирала каде што ќе стигнела – од факултети до политички кампањи. Токму тоа ја довело до банкрот.

 

- Реклама -