Креаторот на интернетот вели дека Facebook е замка

Бернерс-ЛиТим Бернерс-Ли, кој е познат како еден од креаторите на глобалната информациска мрежа, предупредува дека социјалните мрежи како Facebook претставуваат една од најголемите закани за иднината на интернетот. Во еден негов есеј тој вели дека интернетот е загрозен од елементи кои „почнале да ги уништуваат принципите на неговото создавање“.

Тим Бернерс-Ли, кој е познат како еден од креаторите на глобалната информациска мрежа, предупредува дека социјалните мрежи како Facebook претставуваат една од најголемите закани за иднината на интернетот. Во еден негов есеј тој вели дека интернетот е загрозен од елементи кои „почнале да ги уништуваат принципите на неговото создавање“.

Бернерс-Ли

Социјалните мрежи кои не им дозволуваат на корисниците да ги отстранат информациите кои ги постираат според него се „проблем кој би можел да го раскрши интернетот на фрагментирани острови“. Иако Facebook неодамна почна да им дозволува на своите корисници да ги симнат сопствените информации, кои ги опфаќаа и статусите и фотографиите, тие сепак се критикувани бидејќи информациите за контактите остануваат недостапни.

Прочитајте и:  Видеоповиците на Messenger стануваат HD и со подобар звук

Бернерс-Ли предупредил дека ваквите недостапни содржини можат да доведат до фрагментирање на глобалната информациска мрежа. Тој додал: „Интернетот еволуираше во моќна, сеприсутна алатка бидејќи беше изграден врз основа на принципи на еднаквост. Интернетот, во оваа форма која сите ние ја знаеме е под постојана закана на различни начини. Колку повеќе внесувате, толку повеќе ви го ограничуваат пристапот. Социјалната мрежа станува централна платформа – затворен силос на содржина, кој не ви дава целосна контрола над вашите информации.“

Тој додал дека постои страв дека Facebook може да продолжи да расте и да прерасне во монопол, појава која има тенденција да ја ограничи иновативноста. [Web founder Tim Berners-Lee says Facebook is a trap]

- Реклама -