Како да ги симнете вашите податоци од Facebook (видео)

фејсбукПонекогаш се случува да не можете да им пристапите на фотографиите и видеата што ги имате закачено на Facebook или пак имате толку многу, што не можете да се снајдете. Сега, Facebook воведува нова опција што ви овозможува да ги симнете сите податоци што ги имате таму (вклучително и пораките), одеднаш.

FacebookПонекогаш се случува да не можете да им пристапите на фотографиите и видеата што ги имате закачено на Facebook или пак имате толку многу, што не можете да се снајдете. Сега, Facebook воведува нова опција што ви овозможува да ги симнете сите податоци што ги имате таму (вклучително и пораките), одеднаш.

Со оглед на тоа што ова е нова опција, во моментов сѐ уште не е достапна кај сите корисници, но ако навистина ви е потребна, проверувајте повремено и за кусо време би требало да се појави и кај вас. Еве како функционира:

Прво што треба да сторите е да отидете во менито Account и да кликнете на Account Settings:

Facebook
Потоа, под линкот за Account Security, побарајте линк Download Your Information. Доколку не е таму, проверете повторно следниот ден и бидете трпеливи.

Facebook

Прочитајте и:  Видеоповиците на Messenger стануваат HD и со подобар звук

Ако веќе е активиран, тогаш ќе добиете копче Downolad.
Facebook

По кликањето, ќе добиете уште едно идентично копче со кое треба да ја потврдите намерата.
Facebook

Потоа треба да кликнете ОК.
Facebook

Ќе биде потребен одреден временски период за да бидат собрани сите вашите податоци од Facebook: фотографии, видеа, пораки и др. Но, кога фајлот ќе биде подготвен, ќе добиете мејл во кој ќе има линк од каде што ќе можете да го симнете истиот.
Facebook

Во овој момент, ќе ви биде побарано одново да ја внесете лозинката, за да потврдите оти сте вие.
Facebook

Потоа едноставно кликате на Download Now и ќе можете да го преземете фајлот. Во зависност од тоа колку податоци имате закачено, може да се случи тој фајл да биде прилично голем, што ќе бара доста време за симнување, а секако, треба да внимавате доколку имате интернет со ограничен сообраќај.
Facebook

Кога фајлот ќе се симне, ви останува уште да ги извадите сите фајлови од зипот и процедурата е завршена.

Видео водич:

{youtube}8r0egO0x07g{/youtube}

- Реклама -