Chatroulette објави нови опции оваа недела, вклучувајќи ги локалните канали наречени Localroulette кои им овозможуваат на корисниците да се поврзат со други учесници од истата земја или регион. Друга опција е т.н. Channelroulette каде корисниците може да започнат свој канал на одредена тема каде можат да дискутираат со пријателите и странците кои мислат на ист начин.

Посетителите на Localroulette се автоматски рутирани до локалните верзии на Chatroulette, според нивната IP адреса, а како што можевме да видиме постои и поддомен за Македонија на адресата http://mk.chatroulette.com.
Друга интересна работа се каналите, кои се креираат со додавање на поддомен на постоечката Chatroulette адреса (појдете на http://365commk.chatroulette.com за видео/аудио разговор со сите посетители на 365!). На листата моментално доминираат канали од сексуална природа, што и не е изненадување со оглед на тоа дека Chatroulette беше опишан како „71% мажи, 15% девојки, 14% перверзни“.
Сепак, објавувањето на локални и тематски канали би можело да биде пресвртница за Chatroulette. Тоа е нов и интересен начин корисниците да се поврзуваат меѓу себе, и да се навраќаат на сајтот кој во мај 2010 забележа 1.1 милион уникатни посети.