Создавањето на Анти-Facebook

facebook20100514001Facebook расте со голема брзина и се чини дека е незапирлив. Но фактите говорат дека и сеприсутниот Фејс има проблеми од кои најголеми се оние поврзани со приватноста. Затоа една група студенти од Универзитетот во Њујорк одлучи да креира нова социјална мрежа која би требало да ја врати контролата над идентитетот на корисниците.


studentsFacebook расте со голема брзина и се чини дека е незапирлив. Но фактите говорат дека и сеприсутниот Фејс има проблеми од кои најголеми се оние поврзани со приватноста. Затоа една група студенти од Универзитетот во Њујорк одлучи да креира нова социјална мрежа која би требало да ја врати контролата над идентитетот на корисниците.

„Станува збор за open source мрежа која е свесна за приватноста на корисникот, која е особено контролирана и која ги обединува сите функции.“ тврдат студентите за сајтот кој го нарекоа Diaspora. Неговите создавачи (Максвел Салзберг, Даниел Грипи, Рафаел Софаер и Илија Житомирски) сметат дека компаниите како Facebook не би смееле да имаат пристап и да ги поседуваат сите лични податоци на корисниците, а технолошките блогови овој сервис веќе го гледаат како закана за најпопуларната социјална мрежа и го нарекуваат анти-Фејсбук.

Што е толку посебно во врска со Diaspora? Сервисот, во суштина, овозможува да се разменуваат податоци, фотографии, видеа и се останато, директно од компјутер на компјутер, поточно без посредници како што се Facebook, Flickr, Google или пак Twitter. Значи, до податоците на корисниците никој нема пристап, освен самите корисници. Основачите тврдат дека се работи за комплетно сигурна и посебна мрежа без нималку штета врз процесот на разменување на податоците, статусите и слично, што сега е многу популарно на интернет. Понатаму, тие велат дека социјалните мрежи постојат веќе десет години: „Ние не знаеме што ќе биде со нашите податоци. Тие ќе постојат и во иднина. Мораме да преземеме контрола врз нив. Бидејќи еднаш кога ќе ги дадете тие повеќе не се ваши. Немате право врз нив.“

Прочитајте и:  Видеоповиците на Messenger стануваат HD и со подобар звук

Основачите на Diaspora (на просечна возраст од околу 20-тина години, а најмладиот од нив има 16 годишни) својата намера ја објавија на интернет сервисот Kickstarter, кој во суштина е страница на која можете да дадете предлог за проект и да барате од нејзините членови спонзорство и донации. Односно, станува збор за надворешно финансирање. До сега околу 900 луѓе собраа околу 29.000 долари, двојно повеќе од побараните 10.000 колку што основачите на Diaspora мислеа дека им е потребно. Според она што го пишуваат блоговите за технологија како што е ReadWriteWeb, Diaspora би можела добро да се позиционира на пазарот, особено ако се постави како анти-Facebook и ако ја заснова својата пропаганда врз недостатоците на постоечките сервиси. [The anti-Facebook]

- Реклама -