Најголеми митови за слабеењето

Во светот на диетите и вежбањето владеат многу митови и неефикасни совети. Прочитајте ја вистината:

Колку вода треба да се пие

Мит: Треба да се пијат повеќе од три литри вода на ден.
Вистина: „Не постои точен одговор колку вода треба да се пие секој ден, бидејќи тоа зависи од поединецот и неговиот начин на живот. Можеби ќе треба да ја смените вашата дневна доза на течност во зависност од тоа колку сте активни, каде живеете, дали сте бремена или, пак, доите“, вели авторката на „Get ripped! Workout“, Јари Лав.

drinking-water-460_979746c
Иако најчесто се зборува дека препорачаната доза е осум чаши вода на ден, на вашето тело можеби му треба повеќе или помалку течност дневно. Особено ако вежбате или јадете храна богата со вода, како што се овошје и зеленчук.

„Општото правило е дека во текот на денот треба да внесувате доволно течности за да не почувствувате жед. А доколку имате прашања за тоа колку ви е потребната дневна доза на течности посоветувајте се со вашиот лекар“, вели Лав.

Вежбите се поефикасни ако повеќе се потите

Мит:Вежбањето во кое се потите многу е подобро затоа што согорувате повеќе калории.
Вистина:„Тоа е илузија. Согорувате повеќе калории со понапорно вежбање“, вели Лиз Напорент, експерт за здравје и фитнес. „Обилното потење може да ве наведе да мислите дека вежбате добро, но за да согорите повеќе калории, вашите мускули мора напорно да работат, бројот на отчукувања на срцето мора да се зголеми, а дишењето мора да се забрза“, вели Напорент.

5012a10bb4350.image_

Меѓутоа, што кога вагата покажува дека телесната тежина ви се намалила после вежбање и обилно потење?

„Кога се потите повеќе на почетокот ќе изгубите во тежината, но штом се напиете нешто, течностите ќе ја заменат тежината“, вели Напорент.

Потта ги елиминира токсините

Мит:Потта го детоксицира телото
Вистина: „Иако е точно дека мала количина токсини го напуштаат телото преку потните жлезди, тоа количество е всушност само еден процент од вкупниот износ на отрови во нашето тело. Главната улога на потењето е регулирање на телесната температура, а главни органи одговорни за исфрлање на отровите се всушност оние од дигестивниот тракт – црниот дроб, бубрезите, белите дробови и имунолошкиот систем“, вели Лав.

BikramYoga

Заклучок: Потењето додека вежбате е многу корисно за телото, но тоа треба да го практикувате со цел да се чувствувате подобро и да бидете поздрави, а не за детоксикација на телото. За тоа, најдете други начини.

 

- Реклама -