Како да направите сè во Google Buzz

googlebuzz_1575276cНовиот социјален сервис Google Buzz ќе се појави во вашиот Gmail оваа недела, а преку овој текст може да дознаете како полесно да го подесите и користите – или пак комплетно исклучите.

Новиот социјален сервис Google Buzz ќе се појави во вашиот Gmail оваа недела, а преку овој текст може да дознаете како полесно да го подесите и користите – или пак комплетно исклучите.

buzz-status

buzzwelcome-cropped
Додадете ги вашите сајтови во Buzz
По “Welcome to Buzz” пораката, ќе видите листа на луѓе кои автоматски ве следат, по основа на тоа со кого се допишувате најмногу.
Доколку кликнете на “# connected sites” линкот, ќе може да ги конфигурирате и поврзете Picasa Web Albums, активноста на Google Reader, статусите на Google chat, Flickr фотографии, Blogspot и Twitter. Повеќе преку Google Buzz API.
buzzconnectedsites
Објавете Buzz само до одредена група луѓе
Во полето додадете го вашиот текст, фотографии, линкови, видеа, а потоа подолу одберете Private за да го лимитирате пристапот до тој баз. Штиклирајте ги групите кои би сакале да го видат напишаното.
groups-buzz
Пермалинк до одреден баз
Доколку сакате да пратите одреден „баз“ до пријател на месенџер, е-пошта и слично, кликнете на десната страна од постот и изберете “Link to this buzz.”
mute-buzz
Замолчете ги досадните базови
Коментарите на базовите стигаат автоматски во Gmail инбоксот како нов мејл/разговор. Ова може да биде здодевно, па затоа тука е “Mute” функцијата во десниот агол на базот.

Испратете бaз со @ одговор
Ако сакате нешто побрзо од е-пошта, испратете баз во стилот на Twitter. Започнете го текстот со @ знакот, по што ќе се отвори листа на вашите контакти. Изберете го лицето и започнете со пишување. Оваа опција може да се користи за повеќе луѓе истовремено.
at-buzz
Испратете баз преку е-пошта
Од вашата баз Gmail сметка испратете порака до buzz@gmail.com за да објавите нешто на Buzz. На овој начин може да испраќате и фотографии.

Buzzkill: Исклучете го Buzz
Доколку не сакате апдејти за Buzz во вашиот инбокс ниту Buzz линкот под Inbox, тогаш на дното од Gmail ќе најдете линк “turn off buzz”. Клик!

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Ако сакате да го прелистувате Buzz, но не сакате пораки од него во вашиот инбокс, тогаш креирајте филтер. Во Settings на Gmail, кликнете на “Create a filter” линкот, и во полето “Has the words:” внесете label:buzz. Кликнете Next Step (игнорирајте го предупредувањето за филтрирање на етикетите), а потоа изберете “Skip the inbox” како акција за филтерот и зачувајте ги подесувањата.

Доколку пак не сакате да го гледате Buzz линкот во Gmail, кликнете на него и одвлечете го до “# more” подолу, каде ќе може да ги погледнете најновите базови по потреба.

turnoffbuzz
Сокријте ги вашите контакти

Не сакате светот да гледа кого следите и кој ве следи на Google Buzz? Појдете на вашиот Google профил и кликнете “Edit Profile”. Од десно ќе најдете три полиња каде последното е “Display the list of people I’m following and people following me.” Отштиклирајте го за да ги задржите информациите за себе за оние што ве следат и ги следите.

contacts
340x_following_check2


Buzz Mobile
Конечно, Buzz може да го користите и на вашиот iPhone или Android уред со тоа што ќе ја посетите страницата buzz.google.com. Од веб апликацијата која е способна да ја прикаже вашата локација на оние што ги следите и ве следат, може да „базирате“ со точна локација, како и да ги видите оние објави кои се локациски блиску до вас.

Дополнително, оние со Windows Mobile и Nokia S60 може да го пробаат Buzz на Google Maps преку m.google.com/maps за да го овозможат Buzz Maps слојот на мобилниот телефон.

at-work

Имате совети за користење на Buzz? Напишете ги во коментарите!

- Реклама -