Во Кина се појави конкурент кој ќе се натпреварува со најголемиот пребарувач на светот, а во исто време ќе проба да остане “на нозе“ во земјата на цензури и обвинувања за хакерство.
Во Кина се појави конкурент кој ќе се натпреварува со најголемиот пребарувач на светот, а во исто време ќе проба да остане “на нозе“ во земјата на цензури и обвинувања за хакерство.
Како додаток на големиот кинески список на копии како дизајнерска облека, ДВД филмови, продукти за домаќинство и автомобили е “Goojje”, кој се појави на 14 јануари.
Само 2 дена пред неговото појавување, Google најави дека би можеле да се повлечат од Кина со својот Google.cn портал.
Името Goojje е всушност игра на зборови. Последните букви “jje” звучат како кинескиот збор „постара сестра“, додека “gle” кај зборот „Google” се изговара како кинескиот збор за „постар брат“.
Goojje (www.goojje.com) има пребарувач и овозможува социјални сервиси, додека неговата домашна страница и логото е во стилот на Google.
Пребарувањето клучни зборови на Goojje дава различни резултати од оние на Google или Baidu, но изгледа дека тие се слично филтрирани според правилата на домашните власти.
Во почетокот на месецов Google се пожали на кинеската цензура и софистициран хакерски напад во земјата, по што најави дека ќе ја преиспита својата бизнис политика, а можно е и повлекување од кинескиот пазар.
Goojje во една прилика на сајтот изјави дека „Сестрата е многу среќна што братот нема да си оди“.
Според Henan Business Daily, Goojje е основан од засега анонимна девојка која е студент во кинеската провинција Гуангдонг.