Сигурно додека го гледавте „Аватар“ помисливте дека прикажаниот свет во него е нешто што го нема на Земјата. За среќа, не е така. И покрај тоа што не размислуваме со која брзина ја уништуваме планетата, на неа сѐ уште постојат места кои со својата убавина и магија нѐ оставаат без здив. Еве некои од нив…
Чинкве Тере во Италија
Чинкве Тере е назив за пет населби на брегот на Италија: Монтеросо ал Маре, Вернаца, Корниља, Манарола и Риомаџоре, а во превод значи „пет земји“. Брегот, петте села и околните ридови се дел од националниот парк Чинкве Тере.
„Искривената“ шума во Полска
Оваа необична шума се наоѓа во Полска покрај гратчето Нов Чарново. Во неа се наоѓаат околу 400 стебла кои се посадени на почетокот на 30-тите години од минатиот век, а имаат необична форма.
Хотелот Ла Монтања Махика, Чиле
Неговото име во превод значи „магична планина“, а овој единствен хотел во светот има форма што потсетува на планина. Се наоѓа во паркот Хуило Хуило.
Вистерија тунел, Јапонија
Овој тунел со надреален изглед се наоѓа во ботаничката градина Кавачи Фуџи во јапонскиот град Китакјушу, а за неговата убавина е заслужно ендемското дрво што цвета во преубави нијанси на виолетова, розова и бела боја.
Кристална пештера, Русија
Во непосредна близина на југозападниот дел на селото Орде се наоѓа една од најубавите и најдолгите подводни кристални пештери. Нуркањето во неа бара сериозна обука затоа што и едно меурче може да го оштети плафонот на пештерата.
Тунел на љубовта, Украина
Џиновските стебла го окружуваат овој стар тунел во западна Украина. Ова магично место се вика Тунел на љубовта поради фактот дека е популарно собиралиште на вљубените двојки. Не можеме да кажеме дека тоа нѐ чуди со оглед на тоа што изгледа како рај на земјата.