Новиот YouTube е посреден и полесен за пребарување

boldaslovesearchНајголемиот сајт за видеа деновиве додаде поддршка за HTML5, изнајмување на видеа па дури и интересна опција наречена Disco.

Најголемиот сајт за видеа деновиве додаде поддршка за HTML5, изнајмување на видеа па дури и интересна опција наречена Disco.

Денес, сајтот доби и нова страница за гледање на видеата, каде ги изостави и сокри сите непотребни функции со цел ништо да не го попречи вашето внимание додека гледате видеа на екранот. За многу луѓе, страница на која гледаат видеа е срцето на YouTube, па нормално беше таа да има најголеми естетски промени.

Најголемите промени се во врска со ѕвездичките за оценување на видеата, за кои YouTube тврди дека се бескорисни. Во врска со навигацијата, сега резултатите од пребарувањето ќе може да ги погледнете на десната страна без да имате потреба да се враќате назад. Нова е и функцијата за одредување на резолуцијата на видеото, иако YouTube ќе ја пушти идеалната стандардно.

Новата страница за гледање видеа (активирајте ја тука)
boldaslovesearch

Стариот YouTube

charlieold

Disco функцијата пак е можност да слушате музика, при што ќе треба да внесете пејач или група. По ова, ќе добиете плејлиста со поврзани видеа која може да ја зачувате или да направите микс од неа. Пробајте!

Youtubedisco_copy

- Реклама -