Новиот музички сервис на Google (видео)

msGoogle официјално ја претстави новата опција во пребарувањето преку кој на корисниците ќе им биде олеснет пристапот до музиката онлајн.


Google официјално ја претстави новата опција во пребарувањето преку кој на корисниците ќе им биде олеснет пристапот до музиката онлајн.

Корисниците кои преку Google пребаруваат со термини поврзани со музиката, во резулатите од пребарувањето ќе им биде достапна и листа со релевантани песни од партнерите на Google – MySpace и LaLa. Со кликање на насловот на песната во листата ќе може да се слушне дел од неа и да се дојде до информации односно линкови каде истата може да се купи или преземе.

Google за оваа нова опција во пребарувањето исто така склучи договор за соработка и со стриминг сервисите Pandora, iMeem и Rhapsody со цел корисниците на Google да можат да откриваат нови извори на лиценцирана музика онлајн и да имаат полесен пристап до новата генерација на музички сервиси. Погледнете како изгледа овој нов музички сервис на Google.

{youtube}DV24RBmy-2I&feature=player_embedded{/youtube}
[Мaking search more musical]
Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome
- Реклама -