Посмртни профили на Фејсбук

facebook-graveyardАко сте се прашувале што се случува со профилот на Фејсбук откако некој ќе почине еве го одговорот. По сè изгледа трагите што ги оставаме онлајн смртта не може да ги избрише, а таков е случајот и со Фејсбук, иако оваа социјална мрежа најави некои новини на овој план.


facebook-graveyard-image-1-689921216Ако сте се прашувале што се случува со профилот на Фејсбук откако некој ќе почине еве го одговорот. По сè изгледа трагите што ги оставаме онлајн смртта не може да ги избрише, а таков е случајот и со Фејсбук, иако оваа социјална мрежа најави некои новини на овој план.

Оваа пет години стара социјална мрежа најави дека ќе ги „комеморира“ профилите на починатите доколку нивните пријатели и семејството го побараат тоа. Таквите профили ќе се разликуваат од оние вообичаените, со тоа што сајтот ќе ги тргне чувствителните информации како статусот и деталите за контакт.

За време на пријавувањето на смртта, корисниците ќе мора да докажат дека корисникот навистина починал, при што ќе треба да приложат посмртница или статија во весник.

„Кога некој ќе не напушти, тоа не значи дека мора да замине и од нашето сеќавање или социјална мрежа, објаснува Max Kelly од Фејсбук. „За да ја рефлектираме реалноста, овозможивме опција за комеморација на профилот, како место каде пријателите и семејството на починатиот ќе ги сочуваат и споделуваат сеќавањата за него.“

Таквите профили ќе имаат нови поставки за приватност така што само одобрените пријатели ќе можат да им пристапат или да ги лоцираат во пребарувањето. Сите други информации и статуси ќе бидат отстранети.

Но имаше и случаи кога статусите на починатите се ажурираа и после смртта.

„Имаме разбирање дека на луѓето им е тешко кога се сеќаваат на оние кои веќе не се меѓу нив, затоа е важно кога некој ќе почине неговите пријатели и семејството да го контактират Фејсбук, за нивниот профил да се комеморизира.“ беше изјавено на официјалниот блог на Фејсбук.

- Реклама -