Жал ми е заради двете коси црти

Повеќе...Конечно се расветли една од големите мистерии на интернетот. Која е смислата на двете коси црти кои стојат пред она „www“ на секоја веб адреса?  Одговорот на ова прашање, според британскиот научник кој е создавач на world wide web, е дека тие немаат ама баш никаква смисла.


TimBernersLee_385x1_303539aКонечно се расветли една од големите мистерии на интернетот. Која е смислата на двете коси црти кои стојат пред она „www“ на секоја веб адреса?  Одговорот на ова прашање, според британскиот научник кој е создавач на world wide web, е дека тие немаат ама баш никаква смисла.

Создавачот на world wide web, Sir Tim Berners-Lee, изјави дека двете коси црти во веб адресите биле потполно непотребни и дека му е жал заради тоа.

Тој можел да ги направи URL-та и без //, но дека во тоа време тие му изгледале како добра идеја, иако признава дека тие немаат баш некаква цел. Тој раскажа и како пред 30 години не му паѓало ни на крај памет дека овие две црти ќе им претставуваат на луѓето толкаво малтретирање. Исто така, Sir Tim Berners-Lee, ја покажа и својата еколошка свест, признавајќи дека / и / во http://, трошат енергија, време, мастило и хартија. И се извини и заради тоа. [Backslash: web creator Sir Tim Berners-Lee apologises for his strokes]

- Реклама -