Ви се случило некогаш да ви се допаѓа некоја песна, но не можете да се сетите на нејзиниот наслов или на зборовите? Со помош на технологијата за препознавање на гласот и интернетот сега таквите проблеми можат многу брзо и едноставно да бидат решени. На веб-страницата Midomi можете да испеете (со или без зборови) само 10-тина секунди од песната чиј наслов сакате да го дознете и за брзо време ќе го добиете она што го барате.