Новата платформа на Google која долго време беше најавувана, Google Wave, веќе е отворена за новите корисници. 10.000 корисници добија покани за да ја користат раната вeрзија на овој сервис. Оние кои ги добија поканите, можат да ги поканат другите луѓе за да ја користат оваа платформа заедно. Погледнете како изгледа првичната верзија на Google Wave.
Новата платформа на Google која долго време беше најавувана, Google Wave, веќе е отворена за новите корисници. 10.000 корисници добија покани за да ја користат раната вeрзија на овој сервис. Оние кои ги добија поканите, можат да ги поканат другите луѓе за да ја користат оваа платформа заедно. Погледнете како изгледа првичната верзија на Google Wave.
Кога ќе се логирате, првиот прозорец кој се отвора е поделен на три колони, односно 4 дела. Од лево кон десно, првата колона ја вклучува Навигацијата на врвот од страницата (нешто како Inbox, Sent и labels во Gmail) а контактите се на дното на страницата (слично на GTalk листата со пријатели). Втората колона е со листа на активните „Wave-ови“ што се некој вид на хостирани разговори во кои може да вклучуваат дијалози во реално време, фотографии, документи, видеа и други форми на информации на еден простор кој може да се споделува со другите, а во третата колона се започнува нов wave.
Може да се додава различна содржина на новиот wave, како YouTube видеа, Google мапи, слики, линкови и сл. Еве
како изгледа додавањето на нова содржина.
После додавањето се избира со кого таа ќе се сподели од присутните во контакт листата. Сето она што следи е вистинската природа на оваа платформа: соработката помеѓу нејзините корисници во реално време. Што значи тоа? Тоа значи дека во реално време гледате како оној со кого соработувате на еден wave пишува, го движи курсорот, одговара на вашите прашања…
Друга карактеристика на Google Wave е нејзината флексибилност. Како и во случајот со Firefox и тука можете да додавате екстензии. Екстензиите за Wave ни доаѓаат во два облици: гаџети и роботи. Еден од покорисните гаџети на пр. е оној кој овозможува да поканите некого на некој настан и брзо да добиете RSVP одговор.
За што ќе ни користи Google Wave?
Google Wave е алатка за соработка и заедничко работење на различни проекти во реално време. Во моментов, како алатка за соработка, Google Wave е толку добар колку што повеќе луѓе (со кои би сакале да работите заедно) се вклучени на него.
Погледнете го и ова видео кое убаво ги илустрира најважните карактеристики (од кои некои спомнавме погоре) на Google Wave.