7 златни правила за подолг живот

Физичката активност, одржувањето на телесната тежина и ниското ниво на холестерол, се само некои од едноставните правила на кои, доколку се придржувате, можеби ќе успеете да го спречите заболувањето од рак, како и болестите на срцето, открива новата студија на „American Heart Associationa“.

Имено, научниците велат дека никогаш не е доцна да се присвојат здравите животни навики.

Седумте златни правила за здрав живот, како што се наведува, се: физичката активност, одржувањето на телесната тежина, здравата исхрана, одржување на нивото на холестерол, контрола на крвниот притисок, контрола на шеќерот во крвта и престанокот со пушењето.

Иако истражувањето беше спроведено за превенција од кардиоваскуларни болести, сепак, се дојде до сознание дека придржувањето кон овие здрави навики, го спречува развојот на рак.

Резултатите од истражувањето покажаа дека придржувањето на шест до седум правила го намалува ризикот од разболување за 51%, на четири правила за 33%, а на само едно или две правила до 21%.

- Реклама -