Kако да користите Facebook Chat без да отварате Facebook

Повеќе... Како што веќе ви е познато во Фејсбук е вклучена опцијата за инстант пораки или chat, преку која можете да започнете разговор со вашите пријатели на Фејсбук без притоа да инсталирате дополнителен IM софтвер, но единствeниот услов е да бидете логирани на Фејсбук. Доколку тоа ви пречи, еве неколку начини како да ја користите оваа опција без притоа да мора да биде отворен Фејсбук во вашиот браузер.


disablefacebookchat.pngКако што веќе ви е познато во Фејсбук е вклучена опцијата за инстант пораки или chat, преку која можете да започнете разговор со вашите пријатели на Фејсбук без притоа да инсталирате дополнителен IM софтвер, но единстевниот услов е да бидете логирани на Фејсбук. Доколку тоа ви пречи, еве неколку начини како да ја користите оваа опција без притоа да мора да биде отворен Фејсбук во вашиот браузер.

Facebook Chat во веб браузер

Доколку имате Google Chrome или Prism за Firefox, можете да ја отворите оваа адреса (се разбира претходно треба да се логирате на Фејсбук) и потоа да креирате шорткат за Facebook chat на вашиот десктоп. Корисниците на Фајрфокс можат да направат букмарк за овој линк и да ја наместат „Load this bookmark in Sidebar“ опцијата за да го користат Facebook Chat во сајдбарот на Фајрфокс. (Повеќе за тоа тука.)

Доколку сте IE корисник или не сакате да го користите Facebook chat на ваков начин, пробајте го Gabtastik –  минмалистички десктоп клиент за Фејсбук кој изгледа исто како веб верзијата на Facebook chat, а на кој е вклучена и опцијата за испраќање известувања за нови пораки.

Meebo, веб сервисот за инстант пораки, од неодамна има поддршка и за Facebook. Можете да ја поврзете вашата Фејсбук сметка со Meebo преку Facebook Connect сервисот и инстантно да разговарате со вашите онлајн пријатели внатре во веб браузерот. Ова има две предности – можете да го користите Facebook chat  дури и ако Facebook.com е блокиран на вашиот компјутер на работа и второ, симултано можете да се поврзете со пријателите на другите IM мрежи од едно место.

Facebook Chat на вашиот десктоп

Доколку Фејсбук имаше самостоен месинџер во стилот на Yahoo! или Google Talk, ќе изгледаше нешто како ChitChat. ChitChat е десктоп клиент за Фејсбук кој овозможува лесна комуникација со вашите контакти на Фејсбук. Ве информира кога сте добиле инстант порака и кога вашите пријатели се онлајн или се исклучиле. Апликацијата сè уште  е во рана фаза, па можни се и некои мали недостатоци.

Ова е повторно една многу корисна се-во-едно апликација која ви помага да бидете во тек со сè што се случува на Фејсбук, Твитер, Gmail, LinkedIn и останатите онлајн апликации. Доколку имате повеќе акаунти на Фејсбук (на пр. вашата и на партнерот), можете да ги поврзете сите во Digsby месинџерот и да бидете во контакт со комбинираната листа на пријатели – симултано. Фејсбук не дозволува аудио или видео повици, но Digsby индиректно ја вметнува оваа опција во Facebook Chat преку tokbox.

Неодамна се зборуваше за тоа дека инсталационата програма на Дигсби може да го инфицира компјутерот, но тоа не треба да ве плаши, зошто постои и алтернативен инсталер (директен линк тука).

Додека Pidgin официјално нема поддршка за Facebook Chat, постои бесплатен плагин, кој ви овозможува да се поврзете на серверот на Facebook Chat. Како и Digsby, Pidgin исто така овозможува да комуницирате преку инстант пораки со контактите од повеќе акаунти на Фејсбук – од едно исто место т.е. од еден ист интерфејс.

Pidgin vs Digsby

Pidgin е чисто за инстант пораки, додека Digsby овозможува и да добивате известувања кога некој од пријателите ќе ви испрати email на Фејсбук или кога некој ќе напише нешто на вашиот ѕид. Pidgin, пак, ќе ги покаже сите контакти на Фејсбук во една голема листа, додека Digsby ќе ги групира контактите во „Friends list“, како што се прикажани и на главната facebook.com страница.

- Реклама -