Википедија ќе започне со обележување на недоверливите извори

Повеќе... Започнувајќи од оваа есен, ќе имате нова причина зошто да им верувате на информациите кои ќе ги најдете на Википедија. Новата опција наречена WikiTrust ќе започне да ги обележува содржините од Википедија во зависност од тоа колку се веродостојни нивните автори.


wikitrust-photo-2.jpgЗапочнувајќи од оваа есен, ќе имате нова причина зошто да им верувате
на информациите кои ќе ги најдете на Википедија. Новата опција наречена
WikiTrust ќе започне да ги обележува содржините од Википедија во
зависност од тоа колку се веродостојни нивните автори.

Повеќе од 60 милиони луѓе ја посетуваат оваа најпозната онлајн енциклопедија секој месец, во потрага по знаењето кое се содржи во 12-те милиони страници на 260 јазици. Но и покрај популарноста, Википедија долго време е мета на остри критики од страна на оние кои тврдат дека таа не е веродостоен извор. Бидејќи секој со интернет конекција може да додаде содржини, сајтот е често предмет на вандализам, предрасуди и дезинформации. Корекциите се анонимни, па така не постои лесен начин да се одделат веродостојните информации од лажните содржини креирани од поединци.

Сега, истражувачите од Wiki Lab од Универзитетот од Калифорнија, Санта Круз креираа систем со цел да им помогнат на корисниците да знаат кога можат да и веруваат на Википедија. Наречена WikiTrust, програмата ќе доделува код во различна боја на новите додадени текстови користејќи се со алгоритам кој ја пресметува репутацијата на авторите според времетраењето на нивните претходни содржини на Википедија. Се базира на едноставен концепт: Колку подолго информацијата опстојува на страницата, толку е поверојатно дека е веродостојна.

Текстот од сомнителни извори ќе започнува со светло портокалова позадина, додека текстот од автори на кои може да им се верува ќе добива посветла нијанса. Колку повеќе луѓе го гледаат и корегираат новиот текст, постепено се здобива со повеќе доверба и се претвора од портокалов во бел. [Wikipedia to Color Code Untrustworthy Text]

- Реклама -