Да ја запреме кражбата на мотори!

Во изминативе неколку години во Скопје се случуваат дрски кражби на мотори за кои подоцна на сопствениците им се бараат пари за откуп.

Само во изминатата година се украдени повеќе од 140 мотори и скутери, а од почетокот на годинава до сега се украдени 5 мотоцикли, иако мото сезоната сеуште не е започната.

Мотори се крадат од дворови, гаражи, паркинг места, па дури и од тротоари на булеварите. Крадците не бираат по марка или модел на моторот, ниту по партиска или верска припадност на возачот. Загрозени сме сите.

Што всушност се случува?

Откако ќе го украдат моторот, крадците наоѓаат близок пријател на жртвата и преку него бараат пари за откуп, притоа заканувајќи се по животот на неговото семејство. Бидејќи никој не е луд да ја стави во торба главата на својот пријател, работата се завршува со собирање на пари за моторот.

Прочитајте и:  Следната година во Скопје ќе се одржат натпревари со високо рангирани пингпонг играчи

Од друга страна, Министерството за Внатрешни Работи не превзема ништо додека не се нафати некој да ги пријави крадците, како со специјални мерки би се фатиле крадците. Така се наоѓаме во еден магичен круг во кој моторите се крадат постојано, луѓето си собираат пари за откуп, а МВР не превзема ништо.

Зошто петиција?

Оваа петиција ја започнуваме со цел да им ставиме до знаење на надлежните дека имаме сериозен проблем, за кој мора да се најде решение!

Потпишете ја и споделете ја со вашите пријатели, да собереме доволно потписи за поголем легитимитет на нашето барање.

Што потоа?

Собраните потписи ќе бидат доставени до надлежните институции, доколку по ова тие не превземат конкретни мерки за решавање на проблемот, ќе пристапиме кон по радикални чекори.

Кликнете овде за петицијата

- Реклама -