Колку е голем интернетот?

Повеќе... Интернетот сега е присутен во сите аспекти од современиот живот. Но колку е всушност голем? Па, во моментов постојат толку многу веб адреси што на еден човек би му требало 31.000 години за да ги посети сите (под услов сите тие години да не спие).


Интернетот сега е присутен во сите аспекти од современиот живот. Но
колку е всушност голем? Па, во моментов постојат толку многу веб адреси
што на еден човек би му требало 31.000 години за да ги посети сите (под
услов сите тие години да не спие).

Internet korisnici

Тимот на Бинг од Мајкрософт ја сумира бројката на веб страници на повеќе од еден трилион, а Гугл веќе индексираше повеќе од еден трилион засебни веб адреси. Постојат повеќе веб адреси отколку луѓе на планетава, а моменталната глобална популација брои повеќе од 6.7 билиони земјани. Тоа значи дека има околу 150 веб адреси на човек. Во превод: Доколку поминете само по една минута на секоја веб страница што постои, ќе бидете зафатени околу 31.000 години. Без да тршите време за спиење. Или за оние на кои им е потребно повеќе од една минута, пресметките на Бинг велат дека на просечна личност ќе и биде потребно 600.000 декади непрестајно читање за да ги прочита сите информации кои се наоѓаат на интернет.

Број на корисници
Mark Higginson, директорот за аналитика од Nielsen Online, вели дека глобалната онлајн популација пораснала за 16% од минатата година. Приближно 1.46 билиони луѓе од светската популација го користат интернетот што претставува солидно 16 процентно покачување од минатата година (1.26 билиони во 2007). Најголемата интернет популација доаѓа од Кина, каде има повеќе корисници онлајн одошто има жители во САД – 338 милиони. Последните глобални пресметки велат дека светската популација на интернет корисници изнесува 1,596,270,108. Тоа е само 23.8% од
вкупната светска популација од 6,0706,993,152 луѓе во светот. Но тоа се менува секој ден.

Според InternetWorldStats.com, топ 5 земји со најмногу интернет корисници се:

1. Кина (298,000,000 корисници или 22.4% од вкупната популација)
2. САД (227,190,989 или 74.7%)
3. Јапонија (94,000,000 или 73.8%) 
4. Индија (81,000,000 или 7.1%)
5. Бразил (67,510,400 или 34.4%)

- Реклама -