Корисниците на Internet Explorer 6 можеби во иднина нема да бидат во можност да уживаат во видеата на YouTube зошто по се изгледа дека овој видео сервис ќе ја укине поддршката за овој пребарувач.
Корисниците на Internet Explorer 6 можеби во иднина нема да бидат во можност да уживаат во видеата на YouTube зошто по се изгледа дека овој видео сервис ќе ја укине поддршката за овој пребарувач.
На страницата на YouTube, IE6 корисниците се упатуваат кон некои „помодерни“ пребарувачи како Google Chrome, Internet Explorer 8 и Firefox 3.5 како алтернативи. Неодамна и веб агрегаторот Digg најави дека ќе ја откаже поддршката на овој пребарувач, со тоа што даде до знаење дека корисниците на IE6 нема да бидат во можност да коментираат и да пријавуваат содржини на овој сајт.
YouTube досега официјално ја нема објавено веста дека има намера да ја укине поддршката за IE6, но очекувано е (исто како и со случајот со Digg) дека неговите девелопери наместо да трошат време на застарениот и често потценет пребарувач на Мajкрософт ќе се концентрираат кон оптимизирање на сервисот за поновите и подобри пребарувачи. [YouTube Will Be Next To Kiss IE6 Support Goodbye]