10 подобри замени за Facebook

no_facebook_stop.jpg И покрај тоа што владее вистинска Facebook инвазија, постои алтернатива што ќе ви помогне да го добиете точно тоа што го сакате од една социјална мрежа. Еве 10 предлози на кои нема да ве прогонуваат заборавени соученици од основно, ниту пак да ве демнат морничави странци.


И покрај тоа што владее вистинска Facebook инвазија, постои алтернатива што ќе ви помогне да го добиете точно тоа што го сакате од една социјална мрежа. Еве 10 предлози на кои нема да ве прогонуваат заборавени соученици од основно, ниту пак да ве демнат морничави странци.

Linkedin.com
linked-in.jpg

Цел: Да пронајдете деловни контакти
Зошто: Можете да ги одвоите приватниот и професионалниот живот

Friendster.com
friendster.jpg

Цел: Да стекнете и одржите пријателства
Зошто: Добрата страна е што вашите родители и роднини не го знаат Friendster, но лошата страна е што и голем дел од
пријателите нема да ве побараат токму тука

Flickr.com
flickr.jpg

Цел: Да се објавуваат и организираат фотографии
Зошто: Одлично за промоција на млади недежни фотографи

Imeem.com и Lastfm.com
imeem.jpg

Цел: Да се сподели музика
Зошто: Иако Facebook го има iLike овие два се подобра верзија за музичките фанови бидејќи ниту еден психопат нема да ве следи на музички сајт.

Twitter
twitter.jpg

Цел: Да известувате за детали од вашиот живот и да поделите било каква информација што ви изгледа важна
Зошто: За разлика од статусот на Facebook може да ги одвоите оние што ќе прочитаат одредена порака, па не сите мора да дознаат сè за вас.

Livejournal.com и Tumblr.com
livejournal.jpg

Цел: Да ги поделите своите мисли преку програми за блогирање што нема да ги ограничат карактерите што смеете да ги користите на 140
Зошто: За да ги поделите своите мисли преку програми за блогирање….

Match.com и Jdate.com
match.jpg

Цел: Да запознаете потенцијални партнери
Зошто: За точно да знаете кој очекува таков однос, наместо да пребарувате по статусите на пријатели на вашите пријатели на Facebook

- Реклама -