Швеѓаните се најпримерни сопрузи

Според резултатите од истражувањето спроведено на Оксфорд, за најдобри и највредни мажи на планетата се прогласени Швеѓаните.

Како главни критериуми за рангирањето на мажите ширум светот биле земени степенот на помош која им ја пружаат на своите сопруги. Тука се вбројуваат општото воспитување на децата, грижата околу домот и градината, како и желбата за помош околу готвењето, миењето садови и средувањето на облеката.

Второто место им припаѓа на Норвежаните, а третото на Англичаните.

За најнепримерни сопрузи биле прогласени Австралијанците, Австријците и Германците.

You are fired!

Главниот експерт Алмуден Севил Санч смета дека првите места ги завземаат мажите од оние држави каде постојат егалитаристички општества, односно онаму каде рамноправноста е на високо ниво така што домаќинските работи не се сметаат исклучително за женска работа.

- Реклама -