Vanity URL манија на Фејсбук

Повеќе... Најпопуларната социјална мрежа Фејсбук неодамна им овозможи на своите корисници да имаат феjсбук адреса со сопственото име и презиме што треба да го олесни начинот на кој некој може да ве пронајде на овој сајт за дружење.


facesquatting-21158-1245003407-1.jpgНајпопуларната социјална мрежа Фејсбук неодамна им овозможи на своитекорисници да имаат феjсбук адреса со сопственото име и презиме штотреба да го олесни начинот на кој некој може да ве пронајде на овојсајт за дружење.

Саканата адреса со сопственото име и презиме можеа да ја добијат само оние кои ќе бидат најбрзи на 13 јуни кога оваа опција почна да функционира. Наместо адресата која порано беше случајна низа на броеви сега корисниците можат да имаат фејсбук адреса која на крајот ќе го содржи нивното име и презиме. Кога еднаш ќе биде избрана, новата фејсбук адреса не може да биде сменета (затоа внимателно при изборот).

facebook_vanity_urls_jun09.png

Откако оваа опција почна да функционира предизвика вистинска Vanity URL манија на Фејсбук. После седум минути откако сервисот беше достапен, 345.000 корсници си направија фејсбук адреси со сопственото име и презиме (или нешто друго). После 15 минути, бројката се зголеми на половина милион. Набрзо (всушност со молскавична брзина) се сковаа и нови термини како „Facesquatting“ кој се однесува на оние кои ја злоупотребиле оваа опција за да си стават некои необични (facebook.com/default.aspx, http://www.facebook.com/JackBauercouldwhoopChuckNorris, http://www.facebook.com/aaaaaa) или брендирани имиња (некои ги „злоупотребија“ и имињата на познатите личности) наместо сопственото име и презиме.

Повеќе за опцијата за нови кориснички адреси на Фејсбук прочитајте на официјалниот блог .

- Реклама -