Google Labs го пушти во употреба Google Squared – алатка за пребарување со чија помош можете брзо да добиете табеларен приказ со колекција од факти за која било тема која ве интересира.
Google Labs го пушти во употреба Google Squared – алатка за пребарување
со чија помош можете брзо да добиете табеларен приказ со колекција од
факти за која било тема која ве интересира.
Во основа, Google Squared е
пребарувач кој креира табели од големиот број на информации кои се
наоѓаат на интернет и им овозможува на корисниците да компарираат
различни нешта врз основа на нивните атрибути односно карактеристики.
Резултатите за темата која сте ја избрале се организирани како табела со предмети и атрибути – поделени во Squares. Square-овите можат да бидат изменети за да имате увид на оние специфични факти и атрибути за кои сте заинтересирани. Можат да се видат и веб страниците кои послужиле како извор за истите, а Square – овите можат да бидат зачувани и да се споделат со другите.
Една од опциите на Google Squared е и да можете да избришете, да додадете колони или да кликнете на линкот кој ќе ве однесе на следните 10 резултати. Со логирање можат да се зачуваат селекцииите кои се направени. Google Squared е се уште во рана фаза, па сега-засега изгледа како одговор на Гугл на структурираното пребарување кој е карактеристично за новиот пребарувач Wolfram Alpha.