Bing – нов пребарувач од Microsoft

Повеќе...Деновиве Microsoft го пушти во употреба својот нов пребарувач Bing. Дали Bing ќе успее да му стане конкуренција на најпознатиот пребарувач Google?


Деновиве Microsoft го пушти во употреба својот нов пребарувач Bing. Дали Bing ќе успее да му стане конкуренција на најпознатиот пребарувач Google?

bingcom_hotair.jpg

Во целина и во спротивност на тоа што многумина очекуваа од Microsoft, Bing е солиден пребарувач. Но исто така сето тоа делува многу препознатливо и не многу поразлично од претходниот Live.com. Резултатите од пребарувањето се речиси истите. Па, што е она по што се разликува? Поврзаните резултати се сместени на левата страна наместо на десната, исто така има и краток преглед на содржината на резултите од пребарувањето кога ќе го поставите маусот на нив и автоплеј на видеата. Во моментов има најмалку три различни верзии на Bing, па така во зависност каде се наоѓате искуството со овој пребарувач е различно. Во основа, според Microsoft, Bing ќе се фокусира на четири вертикали: донесување на одлуки при купувањето, планирање на патувањата, истражувања во врска со некои здраствени состојби и пронаоѓање на локални бизниси. 

{youtube}vDzNc3RATN8&feature=player_embedded{/youtube} 

- Реклама -