Секоја минута 20-часовен видео материјал се поставува на YouTube

Повеќе... YouTube, најпопуларниот сајт за видео содржини на интернет, го револуционизира начинот на кој гледаме видеа. Денес нема некој кој не слушнал за овој сајт. Неговата популарност ја открива неверојатниот факт дека секоја минута, повеќе од 20 часа видео материјал се аплоадира на оваа веб страница.


picture-213.pngYouTube, најпопуларниот сајт за видео содржини на интернет, го
револуционизира начинот на кој гледаме видеа. Денес нема некој кој не
слушнал за овој сајт. Неговата популарност ја открива неверојатниот
факт дека секоја минута, повеќе од 20 часа видео материјал се аплоадира
на оваа веб страница.

Размислете за тоа една минута. Во таа минута, видео содржина со времетраење од речиси еден ден ќе се аплоадира на Јутјуб. Назад во 2007, кратко откако Google го купи овој сервис, само 6 часовен материјал беше апладиран секоја минута. Во јануари оваа година таа бројка порасна на 15 часови, според блогот на YouTube.  Денес, таа бројка ќе порасне до речиси 24 часа. Тоа е лудо!

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

Вистина е дека YouTube не му носи никакви пари на Google, но кога еден сајт има таква доминантност на пазарот, на еден или друг начин, тоа ќе се направи финансиски да биде исплатливо. Големите Холивудски студија веќе покажуваат зголемен интерес за да ја користат платформата, како и некои други – на пр. ESPN.

Во меѓувреме, YouTube продолжува да станува главен дел во социјалната улога на Google. Овие денови, сервисот ја додаде опцијата да може да оставите видео одговор како коментар на видеото кое сте го гледале.

Неколку факти за YouTube:
Локација: Сан Бруно, Калифорнија, САД
Основан: 11 семптември 2005
Купен од Google во октомври 2006 за 1.65 билиони долари во кеш
Основачи се Chad Hurley, Steve Chen и Jawed Karim, поранешни вработени во PayPal.

- Реклама -