Toyota GT86 во седан и караван верзија?

Поттикнати од успехот на Toyota GT86 и постигнатите резултати, инженерите од јапонскиот производител сакаат да формираат „комплетно семејство“ врз база на спортското возило со заден погон.

Не е тајна, велат од Toyota дека се размислува за верзиите, купе со четири врати (седан) и shooting brake (караван). Ова за Toyota UK blog го потврди одговорниот за проектот GT86, Тецуи Тада.

-Всушност, ние се обидовме тајно да создадеме такви верзии на Toyota GT86, но раководителите на компанијата не открија, вели Тада. – Мислевме дека ќе бидеме критикувани, но за наша среќа добивме дури и пофални зборови, со напомена дека не смее да се отстапува премногу од контурите на базниот модел.

784_Toyota-GT-86-470

Тецуи Тада се надева дека раководството на компанијата ќе даде зелено светло за производство на двете дополните верзии на GT86. Според него, овие модели би биле многу успешни, а исто така – лесни и достапни за производство. Тада прецизира дека платформата на моделот овозможува конструирањето на овие верзии. За пример, тој ја посочува неодамна во Женева претставената, кабриолет верзија на Toyota GT86, за чиј развој не беа потребни сериозни промени во конструкцијата на автомобилот.

Дали седан изведбата и shooting brake верзијата ќе добијат зелено светло, останува да дознаеме. Идејата за слични модели на Toyota со погон на задните тркала, сепак звучи повеќе од добро!

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -