Нови алатки на Google за полесно пребарување

Повеќе... Интернет гигантот Google ги претстави новите производи кои опциите за пребарување треба да ги подигнат на повисоко ниво. Станува збор за т.н. семантички технологии чија цел е поефикасно, побрзо и поцелосно пребарување на информациите.


Интернет гигантот Google ги претстави новите производи кои опциите за
пребарување треба да ги подигнат на повисоко ниво. Станува збор за т.н.
семантички технологии чија цел е поефикасно, побрзо и поцелосно
пребарување на информациите.

Прва меѓу овие нови алатки е Rich Snippets, која сè уште е во фаза на развој и ги користи подинформациите на веб странициите кои ги вклучува во пребарувањето. Така, корисниците, кои на пр. бараат податоци за некој нов ресторан, покрај адресата и телефонот ќе добијат и неколку вкрстени резултати, како што се оценките на посетитетелите на ресторанот, ценовник итн.

Google Squared, кој ќе се појави на пазарот за околу еден месец, информациите ќе ги прикажува во табела и тоа „за неколку милисекунди“, како што истакна Marisa Majer – потпредседателката на одделот за пребарување и искуства со корисниците. Таа на презентацијата ги прикажа резултатите од пребарувањето за поимот „куче“, при што само за секунда, Squared прикажа табела со фотографии од различни видови кучиња, информации за потеклото, тежина, висина и сл.

Google Search Options ќе ја воведе иновацијата со можноста корисникот да управува со информациите кои ги пребарува. Овие опции се вклучуваат после „вообичаенато“ пребарување, а се нудат различни видови на податоци како оценки за производите, текстови од форуми и видео записи. Тука се и најновите блогови, слики и др. Според презентерите, оваа опција ќе им помогне на луѓето кои не се сигурни како да го формулираат своите пребарувања.

Последен од новитетите од компанијата Google е Skymap, апликација за мобилни телефони со Андроид оперативен систем. Skymap, ги прикажува соѕвездијата на небото и со помош на GPS технологијата им нуди на корисниците идентификација на положбата на корисникот и динамичка мапа на која можат да се идентификуваат ѕвездите и планетите, споредувајќи ја фотографијата направена со мобилниот телефон со веќе познатите мапи на вселената. Апликацијата ќе може да ја одреди и оддалеченоста на ѕвездите од Земјата.

{youtube}MtirDMfcOKE&feature=player_embedded{/youtube}
 
- Реклама -