Што навистина значи „@“?

Повеќе... Го користите секој ден, некои го нарекуваат ет или мајмунче, Италијанците – полжавче, а Шпанците „arroba“. Но што навистина значел знакот „@“ пред 473 години?


Го користите секој ден, некои го нарекуваат ет или мајмунче,Италијанците – полжавче, а Шпанците „arroba“. Но што навистина значел знакот „@“ пред 473 години?

at-sign.jpg

Во мај 1536, Франческо Лапи, трговец од од Фиренца, кој во тоа време бил во Севиља во Шпанија, за прв пат го искористил овој симбол во писмо, што е прв пишан текст кој го содржи овој знак. Во случајов, симболот „@“ се однесувал на бројот на амфори кои биле натоварени на бродовите кои од Шпанија требало да заминат за Рим. Амфората била мерка за тежина во тоа време. Преводот на документот во кој за прв пат се појавува симболот „@“  би гласел отприлика вака:

„Една амфора со вино, која е една третина од буре, чини 70 или 80 дукати.“

На шпански, зборот што ја означувал оваа мерна единица бил „arroba“, израз кој и денес се користи во Шпанија за „@“. Луѓето со векови продолжиле да го користат @ како нешто што ја означува (и доаѓа пред) цената на продажба.

Сé до 1971-та, годината кога „@“ се нашол и на тастатурата, кога еден човек со име Реј Томлисон го забележал симболот и дошол до идеја дека би можел истиот да се користи во и-мејл адреса. На прашањата зошто го избрал баш тој знак, Томлисон одговара дека заради примената на тој знак кој ја означувал вкупната цена на повеќе производи (број на производи @ вкупна сума), сметал дека има смисла знакот да  укажува на фактот дека адресата на корисникот е хостирана (at host, оттаму во англиското јазично подрачје „@“ е „at sign“, или кај нас – ет), а не локална. А останатото е историја. [Internet Star @ Least 473 Years Old]

- Реклама -