Списанието Guardian комплетно се сели на Twitter

Повеќе... После 180 години печатарско мастило Guardian објави дека ќе стане првото списание во светот кое ќе ги објавува своите вести ексклузивно преку популарната социјална заедница која ја трансформира онлајн комуникацијата – Twitter. Дали тоа ќе биде иднината на новинарството?


images.jpgПосле 180 години печатарско мастило Guardian објави дека ќе стане првото списание во светот кое ќе ги објавува своите вести ексклузивно преку популарната социјална заедница која ја трансформира онлајн комуникацијата – Twitter. Дали тоа ќе биде иднината на новинарството?

Целата содржина на Guardian ќе се адаптира на форматот од 140 карактери, или твитови, со можност директно од местото на настанот да може да се пренесуваат вестите. Тоа неодамна беше демонстрирано откако еден патник на авион кој се сруши во близина на Денвер, беше во можност да испраќа твитови во реaлно време додека се случуваше несреќата. Исто така, тоа ќе им овозможи на секој со интернет конекција да ја објави својата вест во реално време.

Освен тоа, од Guardian објавија дека целата нивна архива, од 1821 досега ќе биде преработена во форма од 140 карактери. [Twitter switch for Guardian, after 188 years of ink]

Априлилили? Токму така 🙂

- Реклама -