За разлика од минатото кога сметаше дека бронзениот тен е неопходен за идеален изглед, денес Викторија Бекам претпочита природен тен. Таа потполно се откажа од посетата на солариум и спрејовите и кремите за самопотемнување што е очигледно по нејзините најнови фотографии. Причини за тоа има повеќе, изјавила таа.
„Од прекумерната употреба на средства за самопотемнување извесен период имав портокалова нијанса на кожата и дефинитивно изгледав многу постаро. Но, тоа е изглед од минатото“ – изјави британската дива Бекам.
Експертите целосно ја поддржуваат Бекам. Се покажало дека 90 % од солариумите во Велика Британија не ги исполнуваат соодветните санитарни норми, т.е. постои висок ризик да се добие два пати поголема доза на ултравиолетови зраци од препорачаната. Дури да станува збор за соодветна солариумска кабина постетите на истата не треба да бидат повеќе од 10 во текот на годината, а до 18 годишна возраст воопшто не се препорачува посета на солариум.
Поради преголемата доза на ултравиолетови зраци кожата се суши поради што ја губи еластичноста и способноста природно да се хидратира. Како последица на тоа се појавуваат брчки и предвремено остарен изглед на кожата.
Спрејовите за самопотемнување се опасни бидејќи во својот состав содржат состојки кои не се препорачуваат за внатрешноста на организмот, но тие сепак продираат во него преку порите. Исто така при распркувањето тие се штетни за очите и дишните патишта.