Изложбата на кучиња Crufts Dog Show 2013

Минатата недела во Велика Британија, поточно во Бирминген беше отворена изложбата на кучиња Crufts Dog Show 2013 во која учествуваa повеќе од 25 000 кучиња од вкупно 41 земја од целиот свет.

На изложбата која за прв пат била организирана во далечната 1891 година се доделуваат престижни награди во неколку номинации, а главната премија за која се борат сите кучиња – учесници и нивните сопственици е прогласувањето на „Најдобариот на изложбата“.

Оваа изложба годинава беше отворена од 7 до 11 март и како и претходните години беше неверојатно посетена. Скапите билети не претставуваше пречка изложбата да биде посетена од околу 100 илјади посетители и учесници. Поради големата заинтересираност, билетите за финалето се резервираат порано.

Прочитајте и:  Самостојна изложба на академскиот графичар Дарко Аницин - „Ремек дело на создавањето“

За едно куче миленик да заземе учество на изложбата потребно е да биде посебно квалификувано, односно претходно да има освојувано сертификати за победи.

Погледнете ги фотографиите од овогодинешната изложба Crufts Dog Show 2013 !

02 - Copy 03 - Copy 04 - Copy 05 - Copy 11 (1) 12 (1) 13 14 15 16 17 19 20 21

- Реклама -