Уметничките ремек-дела одблиску со Google Earth

Повеќе... Добро познат факт е дека Google Earth сака да го опфати секое катче од мапата од нашата планета и тоа во висока резолуција. Она што во последниот проект сака да го постигне е нешто слично да направи и со ѕидовите на познатите музеи. Овој пат станува збор за Прадо музејот во Мадрид, Шпанија. Благодарејќи на овој проект сега можете да бидете поблиску до ремек делата од овој музеј преку Google Earth. И тоа многу поблиску.


Добро познат факт е дека Google Earth сака да го опфати секое катче од
мапата од нашата планета и тоа во висока резолуција. Она што во
последниот проект сака да го постигне е нешто слично да направи и со
ѕидовите на познатите музеи. Овој пат станува збор за Прадо музејот во
Мадрид, Шпанија. Благодарејќи на овој проект сега можете да бидете
поблиску до ремек делата од овој музеј преку Google Earth. И тоа многу
поблиску.

google_gigapixel_interior01_01.jpg

Сликите се фотографирани во многу голема резoлуција (14.000 мегапиксели односно 14 гигапиксели). Со вакава резолуција можат да се забележат многу ситни детали. Да ја земеме за пример позната Градина на земските задоволства од Хиеронимус Бош.  На сликата е прикажано како би ја гледале доколку би стоеле пред неа во музејот, а зумираниот дел ги покажува деталите што можат да се забележат преку Google Earth.

imgboschdetail.jpg

Како што Google Earth ни ги доближа недопрените катчиња од нашата планета, така сега ќе бидеме во можност да ги истражуваме вредните уметнички ремек дела со неверојатна прецизност. Во ова видео можете да погледнете колку технологија беше искористена за да се овозможи тоа.

{youtube}D1EOJr11bvo&eurl{/youtube}

За да ја пробате оваа опција на Google Earth, одберете 3D поглед на зданијата и „одлетајте“ до Прадо музејот. Можете да се шетате низ музејот или со кликање на иконата за уметничката колекција да фрлите поглед одблиску врз сликите.

- Реклама -