Жена на која во една болница во Мајами и беа пресадени црн дроб, панкреас, желудник, тенко и дебело црево, кон крајот на февруари роди здраво бебе девојче, случај за кој се верува дека е прв на лице над кое била извршена петструка трансплантација.
Фатема Ал Азнар, која живее во Катар, се породи на 26 февруари во болницата „Џексон мемориал“ во Мајами, истата онаа каде и и беа пресадувани органите. Бебето, кое го доби името Алкади, на раѓањето беше тешка повеќе од 2,5 kg.
Фатема имала само 19 години кога и било најдено згрутчување во крвта и во главната стомачна вена, поради што и биле трансплантирани дури 5 органи.
До 2011 година во светот постоеле околу шестотини случаи каде биле извршени петструки трансплантации. По зборовите на докторот на Фатима, Салихи Јасин, досега во Европа се регистрирани неколку породувања на жени кои имале по два пресадени органи.
Д-р Јасин изјавил дека е чудо што жена после пет транплантации воопшто и помислила на бременост. Таа пред шест години морала да ја прекине блажената состојба бидејќи и пронашле згрутчување на крвта. Сепак, таа овој пат затруднела со помош на „ин-витро“. Во текот на бременоста иако се очекувале, немало никакви инфекции, освен некои мали компликации.
Докторите напоменуваат дека Фатема е доволно здрава за да и би можела да се обиде да стане мајка по втор пат.