Facebook популацијата брои 150 милиони корисници

Повеќе... Ова беше само прашање на време. После само четири месеци откако достигна бројка од 100 милиони корисници, бројот на активни корисници на Facebook порасна на 150 милиони. Доколку Facebook беше земја ќе беше осма по ред по населеност во светот, веднаш после Јапонија и Русија.


facebook2.jpgОва беше само прашање на време. После само четири месеци откако достигна бројка од 100 милиони корисници, бројот на активни корисници на Facebook порасна на 150 милиони. Доколку Facebook беше земја ќе беше осма по ред по населеност во светот, веднаш после Јапонија и Русија.

Доколку овој тренд на зголемување на бројот на корисниците продолжи,  додека Mark Zuckerberg – основачот на Facebook наполни 25 години оваа пролет, овој само 5 години стар сајт ќе има 200 милиони корисници. Статистиката на порастот оди вака: пред два месеци – 120 милиони, во средината на декември – 140 милиони, сега – 150 милиони.

Речиси половината од овие 150 милиони корисници, според Zuckerberg го користат Facebook секој ден. Најпрво замислен како сајт за поврзување на студентите во САД, денес поголем дел од новите корисници се од земји надвор од САД, ова ги вклучува луѓето од секој континент, дури и од Антарктикот.

- Реклама -