XXI век е, а со развојот на технологијата сè повеќе се наметнува потребата од користење на компјутерите не исклучувајќи ги и најмладите. За нив е тоа образование и забава која често може да премине и во зависност. Родителите, пак, често ги измачува дилемата дали и колку да им дадат дозвола во таа занимација…
XXI век е, а со развојот на технологијата сè повеќе се наметнува потребата од користење на компјутерите не исклучувајќи ги и најмладите. За нив е тоа образование и забава која често може да премине и во зависност. Родителите, пак, често ги измачува дилемата дали и колку да им дадат дозвола во таа занимација.
Психолозите велат дека зависност постои доколку детето поминува редовно повеќе од четири часа дневно на компјутер, но за среќа таквата зависност опфаќа не повеќе од три проценти од корисниците. Личноста на ваквите зависници има некои специфични карактеристики.
Знаци на виртуелна зависност кај детето:
– детето избегнува на секој можен начин да ја извршува домашната работа и слободното време го поминува со компјутерот;
– компјутерот му е поважен од дружењето со врсниците, а и со родителите;
– нема омилена книга, нема друга забава освен компјутерот;
– времето кое го поминува но компјутер го надминува времето кое детето го троши на другите активности (учење, шетање, дружење);
– забраната за играње игри на компјутер предизвикува протест, плачење, врискање, дури и агресија.
Најчесто склони на ваква зависнот се затворените и оттуѓени особи. Несигурни се, лесно се вознемируваат и очајуваат поради најмалиот неуспех. Освен тоа, тие обично се и непријателски расположени, покажуваат скриена или нескриена нетрпеливост кон околината и од неа се често незадоволни. На адолесцентите кои се зависници од интернет повеќе им е потребна емоционална поддршка одошто на оние кои не се во оваа т.н. ризична група. Всушност, тие во реалниот живот не ни наоѓаат пријател или другар кој ќе може да ги ислуша или едноставно само да помине време со нив, а на интернет е многу полесно да се добие поддршката и да се сподели со некој непознат сè она што ги измачува.
Бегство од самотија
Кои се причините за и-зависност? Главната секако е прифаќање на интернетот како средина која може да пружи емоционална поддршка. Некои деца неа не успеваат да ја стекнат меѓу нивните врсници. Интернет адолесцентните зависните не умеат да зборуваат за своите чувства. За ова често е виновно семејството. Во оние семејства каде родителите се премногу зафатени со работа и ретко се дома, владеат неискрени формални односи. Таквите родители немаат време да го сослушаат нивното дете, ни да му го дадат потребното внимание. Детето почнува да се чувствува занемарено, а оттука проследува да во подоцни години тоа дете не успева да воспоставува подлабоки пријателски односи со врсниците. За него интернетот претставува единствена можност да воспостави блиски контакти и да биде сфатено од некого.
Во исчекување на среќата
Другата причина за интернет зависност е поврзана со желбата да се "побегне" од родителите, школото, околината… Децата зависници се чувствителни на социјална организација: во ситуации кога е потребно да се придржуваат кон строги правила, тие доживуваат голем стрес. Губат ориентација и не знаат што сакаат. Интернет им овозможува да ги исклучат внатрешните кочници. Адолесцентите живеат во секојдневно исчекување дека ќе наидат на нешто за што долго мечтаеле. Освен тоа на интернет без проблем може да се биде некој друг, некој кој не е срамежлив и повлечен, и во тој друг свет е лесно да се стекнат виртуелни пријателства.
Правила за безбедност
Психолозите велат дека постојат одредени мерки со кои би се спречило формирање на ваквата зависност:
– договорете се со детето колку време смее да поминува пред компјутер;
– наместо пред компјутер одведете го во кино, во парк, на ролање, лизгање или едноставно само на прошетка;
– воведете правило дека за викенд нема седење пред компјутер;
– исто така воведете и казни за непослушност и непочитување на она за што сте се договориле.
За жал, ваквите мерки не им помагаат на адолесцентите кои патат од поодмината психолошка зависност од компјутерот, бидејќи се желни за самоконтрола која кај нив е слабо развиена. Многу поефикасен е покомплексниот пристап, што подразбира стручна помош од психолог и секако срдечна поддршка и соработка од семејството.