Концептот на KIA предизвика скандал во Ирска

Прикажаниот концепт спортски модел од Kia има извонредни реакции кај посетителите на салонот во Женева со својот дизајн и храбрите технички решенија. Но Provo, предизвика огромен скандал, не во автомобилската јавност, туку во Парламентот на Велика Британија.

Еден од пратениците од Лондондери (Северна Ирска) Грегори Кембел изјави од трибината дека возило со слично име никогаш не смее да се продава во Северна Ирска. Причината е што од 1969 до 1997 година во земјата, постоеше воено крило на Времената ирската републиканска армија (Provisional Irish Republican Army), кое извршило голем број терористички напади и се нарекуваше „provo“. Некои од нив се извршени не само во Велика Британија, но и во Европа. За време на овие терористички злодела загинале над 2.000 лица.

Покрај неадекватниот, според Британците, избор на името, концептот располага и со портокалова боја на покривот, што дополнително ги разгневи парламентарците. Причината е дека тоа е бојата на ирските унионисти, кои се борат за обединување на Северна Ирска и Република Ирска.

Шефот на одделот за односи со јавноста во Kia, Мајкл Чо, категорично го негира тоа дека името и изгледот на Provo има било каква блискост со конфликтот во Северна Ирска. Тој објасни дека името доаѓа од англиски – provoke, и значи провоцира, а портокаловиот покрив треба да ги потсетува клиентите на популарната боја на спортските автомобили од 70-тите години на минатиот век. Стив Китсон, од ова одделение додава дека, името на моделот може да биде и од италијанскиот – prova, што значи тест или проверка. Во официјалното соопштение на Kia Motors Europe се вели дека компанијата немала намера да навредува никого, односно станува збор за концепт кој секако нема да биде пуштен во сериско производство под тоа име.

324_kia-provo-470

Но, тоа не му се допадна на пратеникот Кембел, кој категорично ги одби овие извинувања. Според него, голема компанија како Kia треба да биде способна да предвиди што може да предизвикаат евентуалните имиња на нејзините модели.

Самиот Provo е концепт хибриден спортски автомобил, опремен со 1.6 литарски бензински турбо мотор, кој работи заедно со електричен мотор. Тој ги придвижува задните тркала и во случај на потреба додава уште 45 КЅ на моќноста на автомобилот. Хибридот е со погон на четири тркала, а може да работи и само на електрична енергија. Преносот, за прв пат кај Kia, е 7-степен роботизиран со двојно кохезија.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -