Зошто наутро сте нерасположени?

Дека научниците кои се занимаваат со смешни (а понекогаш и глупави) истражувања – кои на крајот се сведуваат на откривање топла вода – никогаш не спијат, се докажува преку новото исражување кое тврди дека шест од десет луѓе наутро се будат нерасположени.

Се чини дека за разлика од некои кои утринската еуфорија ја наоѓаат во прозаични работи како што е црцорот на птиците и се будат со насмевка на лицето, повеќето од нас дури 6292 пати во животот се будат мразејќи го целиот свет.

Најголемата причина за нашето утринско негодување и нерасположение, тврдат научниците, е лошиот сон во комбинација со стресното и продолжено работно време. Истражувањето покажало дека еден од десет луѓе се буди нерасположен без никаква причина.

girl_sleep_454233_o

Сепак, добрата шолјаа кафе се чини дека помага. Истражувањето открива дека дури 2000 анкетирани лица се чувствуваат подобро по доза кофеин. Колку и да звучи „неверојатно“, помага и туш. Тоа го тврдат дури 21 отсто од испитаниците. Но, ако не помогне комбинацијата на кофеин и туш, нема место за паника.

4

Сепак, има уште неколку фактори кои влијаат на поправање на расположението: сончевото време, појадокот со семејството и извршување на нужда, а дури 26 отсто испитаници тврдат дека автоматски почнуваат да се чувствуваат подобро кога ќе стигнат на работа.

- Реклама -