Млеко за ментален развој

Според едно неодамнешно истражување направено на британскиот универзитет Ексетер млекото се смета за пијалак на најгенијалните умови на планетата.

Експертите ја споредиле количината на млеко кое се пие по глава на жител во вкупно 22 држави и бројот на лауреати за Нобелова награда.

Резултатите покажале дека во Шведска каде што има повеќе од 30 лауреати на 10 милиони луѓе се пие најголемо количество на млеко. Во просек еден жител на Шведска годишно пие по 375 литри млеко.

mleko

Во Кина живеат најмал број на добитници на престижната награда и токму таму се пие најмало количество на млеко меѓу населението.

Русија има околу 20 лауреати, а просечното испиено количество на млеко на годишно ниво изнесува од 220 – 240 литри по глава на жител.

Истражувачите напоменуваат дека млекото е богато со витамин Д кој има благотворно дејство врз умствените способности на личноста, односно примањето и обработката на новите информации, а исто така го симулира и создавањето на нови клетки во мозокот и ја зајакнува меморијата.

- Реклама -