Моментно најславната филмска ѕвезда во светот, Џенифер Лоренс, оваа година имаше многу погодоци на црвениот килим.
Откако стана заштитно лице на Christian Dior секое појавување на младата актерка беше за восхит. Пред само две години таа одбиваше да носи брендирани фустани затоа што ги сметаше за „непотребни и стерилни“, а сега е кралица на црвениот килим.
Во моментот кога се појави на црвениот килим на 82. доделување на Оскарите, беше јасно дека Џенифер ќе ја добие титулата „најдобро облечена“ затоа што никој не можеше да ја игнорира. Раскошниот фустан од последната колекција на познатата француска модна куќа се покажа добитна комбинација за младата филмска ѕвезда.
На забавата по Оскарите што ја организира магазинот Vanity Fair, Џенифер блескаше во сребрена креација на Calvin Klein.
Пред Оскарите, Џенифер го водеше гламурот и на црвениот килим на БАФТА наградите во Лондон, кога многумина забележаа дека актерката е видно ослабена.
Кога се појави на црвениот килим на Златните глобуси во портокалова креација на Dior многу модни критичари рекоа дека конечно ги погодила актуелните модни трендови затоа што се појави во бојата што ќе биде тренд оваа година.
На Movie Award се појави во нешто поконзервативна креација на Prabal Gurung, но повторно изгледаше прекрасно.