Jooce.com:Виртуелен онлајн компјутер за секого

cubelatdestЈоосе.com е нова флеш платформа која ви нуди свој компјутер на
интернет. Идеално решение за денешните сајбер номади, посебно оние кои
немаат свој компјутер или оние кои користат повеќе компјутери од
различни места.


Јоосе.com е нова флеш платформа која ви нуди свој компјутер на интернет. Идеално решение за денешните сајбер номади, посебно оние кои немаат свој компјутер или оние кои користат повеќе компјутери од различни места.

jooceinside


„Јоосе“
отвара едно ново поглавие во користењето на интернетот и е водечка фирма во пренесувањето на оперативниот систем на интернет. Интересно е што целиот графички изглед и функции се како да сте пред својот сопствен компјутер, а не на некој интернет сајт. 

Во суштина „јоосе“ е безбедно интернет место за чување, гледање, слушање – и за инстантно разменување на фотографии, музика, видеа и документи со сите пријатели. Внесете ги своите фајлови, организирајте ги лесно и едноставно, пратете ги до пријателите. Или пак внесете ги своите најомилени YouTube видеа директно од интернет. Трансферот на фајлови или цели папки до вашите пријатели не може да биде поедноставен – пренесувањено е инстантно, со едно едноставно влечи/пушти врз контактот или група на пријатели. “Јоосе“ исто така има вграден медиа читач, така да сите фајлови (слики, видеа, музика) може да се гледаат и слушаат. 

Прочитајте и:  Сателитите на „Старлинк“ ја уништуваат озонската обвивка

“Јоосе“ нуди две можности за своите корисници, приватен и јавен десктоп. Приватниот десктоп е личен и достапен само за корисникот, додека јавниот е достапен за неговите пријатели кои можат да го посетат и да се послужат едноставно со сите фајлови кои се оставени на него.

cubelatest

Со “Jоосе“ можете исто така да ги обедините сите месенџери на едно место. Комуницирајте со сите пријатели преку еден прозорец без разлика дали се на MSN, ICQ, Yahoo или AIM. Додека разговарате, можете да пренесете било кој фајл или цела папка до другата личност со едноставно влечење и оставање врз прозорецот.

Фирмата потенцира дека системот сеуште се гради и доусовршува, но најавува многу новини во најскоро време кои треба да ви го олеснат дигиталниот живот. Тие вклучуваат електронска пошта, телефонски и видео разговори, развиен јавен десктоп по теркот на facebook и myspace, поголем избор при внесување на содржини од интернет како музика, слики, видеа, итн. 

Целиот систем е достапен и на македонски благодарение на еден од основачите кој е македонец. 

- Реклама -