Пацини го пропушта дуелот со Барса, Мексес и Боатенг се неизвесни

Џампаоло Пацини поради повреда ќе го пропушти утрешниот натпревар против Барселона, Мексес и Боатенг се во составот, но нивниот настап е неизвесен.
Пацини се повреди во петокот на натпреварот помеѓу Џенова и Милан кој Росоњерите го добија со 2-0, Џампаоло беше стрелец на едниот од погодоците.

По направените тестови Милан потврди дека Пацини нема да настапи на дуелот против Барселона, а неизвесно е колку долго ќе отсуствува од терените.

Од повреди се опоравуваат Мексес и Боатенг, двајцата ќе патуваат во Барселона, Алегри се надева дека ќе може да смета на нивните услуги.

Милан има предност од 2-0 по првиот натпревар и со големи надежи заминува на реванш дуелот.

Составот на Милан за дуелот со Барселона: Абиати, Амелија, Габриел, Абате, Антонини, Бонера, Де Шиљо, Мексес, Јепес, Запата, Амбросини, Боатенг, Констант, Фламини, Монтоливо, Мунтари, Ночерино, Траоре, Бојан, Ел Шарави, Нианг, Робињо.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -