Кременадли на француски начин

Кога немате многу време, а мора да подготвите ручек ви предлагаме вкусен рецепт. Подгответе кременадли на француски начин за што ќе ви биде потребно нешто повеќе од еден час.

Состојки:8 кременадли без коска, 8 поголеми листови зелка, 3 лажици сенф, 500 г. кромид, 3 чешниња лук, 8 тенки парчиња сланина, 0,5 л. супа од коцка, 200 мл. бело вино, сол,бибер, зејтин, брашно

Подготовка:Месото истенчете го со кулинарски чекан, посолете и наросете бибер, а потоа извалкајте го во брашно и малку испржете го во зејтин. Секоја кременадла намачкајте ја со сенф и ставете ја во претходно издинстаниот кромид. Потоа, секоја кременадла завиткајте ја во лист зелка, може да користите и кисела, а врз неа ставете по едно парче сланина. Прелијте со зејтинот во кој се пржеше месото, додајте уште малку зејтин или маст и полејте со супата и со белото вино. Поклопете го тавчето и печете околу еден час на 100 степени.

Добар апетит!

- Реклама -